Daily Coffee House

Нашата Приказна

Место каде квалитетното кафе, пријатната атмосфера и искреното гостопримство се дел од секојдневието.

09.06.2021

Почеток со јасна визија.

Daily Coffee House започна со работа на 9 јуни 2021 година, со јасна визија – да создаде место каде квалитетното кафе, пријатната атмосфера и искреното гостопримство се дел од секојдневието.

По само шест месеци, на 10 декември 2021 година се преселивме во поголем и помодерен простор на ул. Маршал Тито бр. 110 во Гевгелија, каде што продолжуваме да ја градиме нашата приказна.

Денес

Повеќе од кафе бар.

Денес, Daily Coffee House е повеќе од кафе бар. Тоа е место за дружење, релаксација и уживање во внимателно подготвени пијалаци, квалитетна услуга и атмосфера.

Веќе повеќе години остануваме посветени на истата цел – секој гостин да си замине задоволен, насмеан и со желба повторно да се врати.

Тимот зад Daily Coffee House

Тимот

Тимот Зад Daily Coffee House

Секое одлично кафе искуство започнува со одличен тим.

Луѓето зад Daily Coffee House секојдневно се грижат за секој детал – од квалитетот на пијалаците и услугата, до атмосферата која ја чувствувате при секоја посета.

Со професионален пристап, позитивна енергија и искрена посветеност кон гостите, нашиот тим создава место каде што секој се чувствува добредојден.

Токму нивната насмевка, внимание и страст кон работата се причината поради која Daily Coffee House стана омилено место за многу гости во Гевгелија.